Косовските власти не сакаат ОН да посредуваат во евентуалните разговори меѓу Белград и Приштина кои може да се водат откако Меѓународниот суд за правда во Хаг ќе се произнесе за Косово. И преставниците на власта, но и на опозицијата сметаат дека ОН неможат да бидат посредник бидејќи имаат неутрален став за Косово, а освен тоа голем дел од членките на ОН сеуште не ја признале независноста на Косово. За косовските власти единствени прифатливи посредници се ЕУ и САД.