Македонија ќе споделува искуства со Србија за ЕУ

Односите меѓу Македонија и Србија се на високо ниво, а во нивниот натамошен развој важност имаат и парламентите на двете земји оценија по денешната средба претседателите на парламентите на Република Македонија и на Република Србија, Трајко Вељаноски и Славица Ѓукиќ Дејановиќ.. Во тие односи, според нив, многу побројни се потенцијалните можности за соработка, отколку прашањата по кои двете земји немаат идентичен став. Македонија, како што рече Вељановски, и понудила со Србија да ги сподели своите искуства на патот кон ЕУ.