Шакира на затворањето на СП

Јужна Африка започнува со завршните церемонии на Светскиот Куп во фудбал. Денеска низ Совето ќе оди голема поворка, која ќе треба да ја прикаже новата Јужна Африка, навраќајки се низ историјата кога Совето беше центар на отпорот против Апархедот. Стадионот Сокер Сити, каде што ќе се игра финалето в недела, се наоѓа меѓу Совето и центарот на Јоханзбург. Речиси сите хотели се букирани, а според ФИФА сите билети за финалето се продадени. Колумбијската мега ѕвезда Шакира ќе биде една од главните атракции на завршната церемонија, на која како гости се најавени и 15 шефови на држави, меѓу кои и претседателот на Зимбабве, кој има забрана за патување во Соединетите Држави и во Европската Унија.
Шарлиз Терон ќе биде на финалето
Најголемата холивудска ѕвезда од Јужна Африка, Шарлиз Терон, исто така ќе биде на финалето, како и Морган Фримен, кој го игра Нелсон Мендела во филмот Непобедлив. Африка може да биде горда, речиси сме на крајот и јас сум многу задоволен, изјави претседателот на ФИФА Сеп Блатер.