Грција - Пензиски реформи и штрајк

Судир меѓу грчката полиција и демонстранти во Атина на 29 Jуни 2010

Грчкиот Парламанет денеска се очекува да го донесе законот за пензиски реформи клучен во напорите за излез од финансиската криза која ја потресе и еврозоната. Истовремено во земјата започна 24 часовен штрај на Синдикатите кој ја парализира земјата.
Владеачкиот ПАСОК на Премиерот Јоргос Папандреу ги подржува реформите за пензискиот систем. Со нив се предвидува зголемување на возраста за заминување во пензија од 60 на 65 години и за жените, како што беше и досега за мажите. Исто така со реформата се предвидува и осигурителен стаж за добивање целосна пензија од 35 за жени и 37 за мажи да изнесува 40 години и за двата пола.

„Главно прашање денеска за Грција е да се променат работите во земјата и тоа радикално со цел никогаш повеке да не ни треба пакет за спасување и да не бидеме во позиција на закана од банкрот. Никогаш повеќе. И секако целта е да ја оспособиме Грција да зависи сама од себе и од сопствената сила“, изјави премиерот Јоргос Папандреу.

Реформата на пензискиот систем имено е дел од барањата за целосни реформи и услов даден од Европската Унија и Меѓународниот Монетарен Фонд за заемот од вкупно 110 милијарди евра. Лидерот на опозиционата Нова Демократија Андонис Самарас, пак, не смета дека реформите ке донесат успех и дека ја ја извлечат земјата од криза.

„Тешките жртви не се доволни ако не даваат резултат. Тие не водат кон обнова на грчката економија. Овој пакет води кон уште подлабока депресија кон постојано висок дефицит и поголем долг.“

Синдикатите против владата

Како и да е, грчките синдикати жестоко се противат на владините реформи. Во Грција денеска се организира 24-часовен генерален штрајк во знак на протест против законот за пензиски реформи. Во протестите учествуваат државните службеници, новинари, даночни инспектори, адвокати, вработени во општините и цариниците. Болниците, според најавите, примаат само итни случаи, бидејќи штрајкот го поддржаа и лекарите. Се очекуваат и проблеми во сообраќајот и откажување на многу летови. Штрајкот е организиран од двата најголеми грчки синдиката - Генералната конфедерација на трудот и Федерацијата на државните службеници .
Ова е шести генерален штрајк оваа година против владините економски мерки.