Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска ќе го посети Косово на покана на премиерот Хашим Тачи. Потпаролот на владата, Мемли Красниќи изјави дека тие ги завршиле сите потребни подготовки за „дочек на големиот пријател на Косово“. Блер за време на дводневниот престој во Приштина ќе се сретне со највисоките функционери на Косово, а ќе се обрати и пред пратениците во косовскиот Парламент.