Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска во Европскиот парламент изјави дека иако земјите-членки на ЕУ имаат различни погледи на едностраната независност на Косово, сите држави на ЕУ се „обединети во напорите да се подобри ситуацијата на теренот“.Филе изјавил дека без разлика каква ќе биде пресудата на Меѓународниот суд на правадата, ЕУ ќе продолжи да работи со Приштина.