Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер утре ќе го посети Косово на покана на премиерот Хашим Тачи, соопштуваат од владата на Косово. Портпаролот на Владата изјавил дека подготовките за пречек на големиот пријател се при крај. Блер ќе биде прогласен за почесен доктор на Универзитетот во Приштина. На ТВ станиците во Косово се емитуваат снимки со кои се истакнува големиот допринос на Блер за крај на конфликтот во Косово.