Градби без изолација

Непостоењето на законска регулатива, градежниците ја користат за непоставување на добра изолација на новите градби, велат експертите. Добрата изолација придонесува за зголемување на енергетскта ефикасност.
Со соодветна изолација на старите и нови станбени објекти се придонесува за зголемување на енергетската ефикасност, се согласуваат експертите. Моментално во Македонија нема соодветен механизам за регулирање на поставувањето на изолацијата во градбите, смета Петар Николовски, магистар по технички науки и доктор по градежна физика:
Во моментов немаме законска регулатива која ги обврзува фирмите, дали се тоа проектантски, дали се инвеститори, или градежни фирми за критериумот за степенот на изолација.


„Во моментов немаме законска регулатива која ги обврзува фирмите, дали се тоа проектантски, дали се инвеститори, или градежни фирми за критериумот за степенот на изолација. Повеќе тоа се прави хаотично, по некоја инерција се преоктира зградата и се поставуваат често пати изолациските материјали на погрешни места.“

Излезно решение на овој проблем е новата законска регулатива која деновиве се кори согласно европските стандарди, додава Николовски.

„Со регулативата којашто ја подготуваме и некаде до 2012 година треба да биде готова, таа ќе биде многу квалитетна на нивото на европските земји и сметам дека тогаш со добра контрола и со добро спроведување на законската обврска кај сите учесници во синџирот на изградба на објектите, посебно во санација на постоечките објекти со што ќе бидат
Треба знаење, промена на свеста, начин на градење, пристап кон изолација на нашата градежна оператива и сето тоа ќе биде во корист на граѓаните
пропишани кои категории мора да се санираат во согласност со европската регулатива што треба да ја следиме, значи сметам дека од тој момент ќе имаме сосема друга слика во поглед на изолацијата и заштедата.“

Илустрација: Стари куќи без изолација

Со топлотната изолација се штедат и пари, вели професор Константин Димитров од Машинскиот факултет во Скопје:

„Оние ’стандарди‘ што ги имаме, а се препознатливи, ставаме 2 сантиметри изолација меѓу две цигли, или во последно време некои 5 сантиметри фасади, треба да размислуваат дека таа изолација, таа дебелина на изолацијата треба да биде најмалку 15 сантиметри, додатните 10 сантиметри се многу мала цена во однос на тоа што граѓанинот ќе плати за поставување на фасадата. На таков начин со многу малку пари обезбедувате неверојатна изолација и се смалува за половина потребната енергија и за греење и за ладење.“

Димитров додава дека за придобивките од изолацијата потребна е дополнителна едукација.

„Треба знаење, промена на свеста, начин на градење, пристап кон изолација на нашата градежна оператива и сето тоа ќе биде во корист на граѓаните.“