Германија е најдобра, смета Балак

Дојдено е времето Германија да стане светски првак во фудбал по 4-ти пат, пишува повредениот Миахел Балак во денешната колумна во Тајмс. Ќе биде тешко да се победи Шпанија, но не е невозможно. Германија досега покажа дека е најдобар тим на Мундијалот и треба да биде победник, исто како што Шпанија беше на европското првенство пред две години и заслужено ја победи Германија, пишува Балак, сега веќе бивш фудбалер на Челзи и нов на Баер Леверкузен.