Холандија слави


Холандија денеска е обоена во портокалово и во победничка атмосфера, откако се избори за финалето на Светското Првенство во Јужна Африка. Насловните страници на весниците осамнаа со напистите ФИНАЛЕ! Синоќа до доцна во ноќта низ градовите на Холандија се прославуавше победата. Мобилните оператори регистрирале над 800.000 СМС поради веднаш по натпреварот и околу 900.000 телефонски повици. Неколку авио компании веднаш најавија дополнителни летови за Јоханезбург во престојниот викенд. Холандија досега два пати играше во финале на Светско Првенство, против Германија во 1974-та и против Аргентина во 1978, но и на двата натпревара беше поразена.