Национални признанија за фудбалерите на Гана

Напаѓачот на Гана Асамоа Гијан во акција

Претседателот на Гана Милс и поранешниот прв човек на ОН Анан презадоволни од настапот на репрезентацијата на СП
Претседателот на Гана Џон Ата Милс изјави дека фудбалските репрезентативци ќе добијат национални признанија и по 20 илјади долари поради успехот на Светското првенство во Јужна Африка.
„Не го освоивте Светското првенство, но со својот настап го носевте не само знамето на Гана, туку и на Африка“ им рече Милс на играчите.

Некогашниот генерален секретар на ОН Кофи Анан, кој е од Гана, им напишал писмо на фудбалерите, во кое истакнал дека на милиони луѓе им е скршено срцето по поразот на пенали од Уругвај во четвртфиналето.
„Иако го изгубивте натпреварот, излеговте како победници“, пишува Анан.