Холандија - Уругвај
Ароганција против желба
Холандија треба да заборави на улогата на фаворит и на ароганцијата на денешниот натпревар против Уругвај, доколку сака да успее, сметаат стручњаците. И селекторот на холанѓаните Берт Ван Марвијк вели дека не може да ја смени културата, но оти работеле напорно за да ја заборават ароганцијата и да се фокусираат на натпреварот со Уругвај. За Уругвај нема да игра еден од клучните напаѓачи, Луис Суарес, поради црвениот картон против Гана, а уругвајците имаат и неколкумина повредени играчи. Сепак, селекторот на Уругвај, Оскар Табарез вели дека во натпреварот ќе влезат со огромна желба и оти и покрај тоа што Холандија е фаворит, се е можно.
Германија - Шпанија
Виља против Клосе
Најуспешните напаѓачи на Мундијалот досега, Давид Виља и Мирослав Клосе, во директен дуел на нивните репрезентации, можеби ќе решаваат кој ќе биде најдобриот стрелец на Светското Првенство во Јужна АФрика. Води Виља со 5 гола на 5 натпревари, а Клосе има постигнато 4. Но, на Клосе му е потребен уште еден гол за да го собори рекордот на Роналдо од 15 голови на светските првенства. Клосе со комплименти за играта на Давид Виља, споредувајки го со Меси. Шпанците пак признаваат дека Германија досега покажала најдобар и најефикасен фудбал, но како што изјави Виља, никој не е фаворит, или фаворит е оној што на крајот од натпреварот ќе биде победник. Инаку, во Шпанија се отвори и дебата кој би шутирал пенал, доколку дојде до тоа. Виља не постигна гол од пенал против Хондурас, а Алонсо против Парагвај, но сепак доминираат мислењата дека токму тие двајца повторно би изведувале евентуален удар од 11 метри.