Граѓаните се жалат на нулта толеранција за плаќањето на обврските кон државата и високи затезни камати. Државата пак должи и не плаќа камати.
Лицемерно е државата да не ги исплаќа редовно своите обврски кон стопанството, а со високи законски камати да ги принудува граѓаните редовно да си ги плаќаат сметките, велат дел од еспертите. Редовното плаќање на сметките е обврска на секој граѓанин и тоа е со регулирано со закон, но не секогаш луѓето се во можност да ги плаќаат редовно своите сметки.
„Оваа плата што ја земам, не одговара за еден месец да избуткаш како човек.“
„Ако имаме плаќаме, ако не, ќе почекаме.“
„Нема! Мали пензии, мали плати...“, се жалат дел од анкетираните.
Луѓето во Македонија живеат на кредит. Секој вработен, во просек е задолжен во банка речиси две просечни плати. Новите системи за плаќање на сметките создаваат само поголеми главоболки, се жалат граѓаните. Тие додаваат дека на сета мака, ниското ниво на толеранција за задоцнето плаќање и високите камати дополнително ги оптоварува.
„Не може државата да ти должи тебе, да не ти плати камата, а ти ако должиш да ти земе камата.“
„Треба да има некоја толеранција, а каматите се многу големи.“
„Не затезни, не матезни, тоа не е во ред, нема кај да плати човек“, велат граѓаните.
Професорот Христо Карталов вели дека е неправедно државата да наметнува правила кои понекогаш и самата не ги почитува.
„Обврските треба да се плаќаат, но и државата да подлежи на истите системи, да плаќа затезни камати, извршителите идентично да се однесуваат кон неа. Само тогаш стопанските субјекти ќе бидат во рамноправна положба. Во оваа ситуација, само граѓаните се казнети.“
Карталов додава дека е потребно да се намалат затезните камати и да се зголеми нивото на толеранција за неплатени сметки, затоа што премногу луѓе ќе бидат економски уништени кога ќе стапат во сила измените на законот за извршители.
„Треба да се инсистира на редовно плаќање, но затезните камати да се симнат на разумно ниво, тие сега се на високо ниво.“
Со одложувањето на измените на Законот знaчи дека долг за струја, вода или парно нема да им биде простен туку ќе се зголеми за околу 18 насто, колку што изнесува законската затезна камата за една година.
Обврските треба да се плаќаат, но и државата да подлежи на истите системи, да плаќа затезни камати, извршителите идентично да се однесуваат кон неа.