Турција: ПКК стои зад нападот врз нафтоводот

Турските власти сметаат дека курдските бунтовници се одговорни за експлозијата, која се случи вчера во нафтоводот, кој ги поврзува нафтените наоѓалишта во Ирак со турското пристаниште Џејхан. Пожарот кој го предизвика експлозијата беше изгаснат денеска. Турските сили за безбедност сметаат дека експлозијата ја предизикале борците на Курдската работничка партија, но ПКК досега не ја презеде одговорноста за нападот.