Единствениот јапонски фудбалер што промаши пенал во осминафиналето против Парагвај ќе биде награден за своето залагање
Трагичарот на јапонскиот пораз од Парагвај во осминафиналето на Светското првенство Јуичи Комано ќе добие орден за заслуги во својата родна покраина Вакајама.
„Сакаме да го наградиме Комано со орден за заслуги затоа што се бореше чесно и храбро. Тој и неговите соиграчи на нашиот народ му донесоа многу радост и среќа, но во спортот не е можно постојано да се победува“ изјави гувернерот на покраината Вакајама, Јошинобу Нисака. Тој изрази надеж дека орденот ќе му биде барем мала утеха на Комано.
Парагвај ја победи Јапонија во осминафиналето по изведувањето пенали, а единствен што промаши во серијата беше токму Комано.