ФИФА денеска им даде рок од 2 дена на властите на Нигерија да ја повлечат одлуката за забрана на фудбалската реперезентација да игра меѓународни натпревари поради лошите игри на Светското Првенство во Јужна Африка. Генералниот секретар на ФИФА Џером Валке изјави дека ќе има средба со нигерискиот претставник во ФИФА, оценувајки дека работата е отидена предалеку. Имено, претседателот на НИгерија Гудлак Џонатан му забрани на тимот на Нигерија да игра меѓународни натпревари, разочаран од последното место во групата на СП во Јужна Африка и освоениот само еден бод. Валке оцени дека не може владите да забрануваат настапи на национални репрезентации на меѓународни натпревари. ФИФА инсистира дека политичките влијанија не смеат да се дозволат во фудбалот.
Нигерија не е единствен случај
Инаку, ФИФА ја предупреди и франуската влада да не се меша во фудбалот, откако за лошите резултати на Франција расправаше владата, како и парламентарна комисија.
Имаме 208 членки на ФИФА и доколку една земја постапува спротивно на статутот, постапува против фудбалот и пирамидата ќе се урне, изјави Валке.