Милошоски во официјална посета на Грузија

Министерот за надворешни работи Aнтонио Милошоски, во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа,денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Грузија. На состанокот планирано е да се разговара за состојбите во земјата, активностите за санирање на последиците од воениот конфликт во 2008 година, особено од аспект на заштитата на човековите права во земјата. За време на посетата предвидени се средби со високи официјални претставници на државата, меѓу кои и претседателот Михаил Саакашвили.