Иванов задоволен од новата клима меѓу Скопје и Атина

Претседателот Ѓорге Иванов е задоволен од новата клима создадена меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името , велат во кабинетот на претседателот. Оттаму не го коментираат ставот на шефот на белгиската дипломатија Стивен Ванекере искажан вчера, според кој, решението за името со Грција ќе се постигне за неколку недели. Од кабинетот на претседателот велат дека моментот е специфичен и сметаат дека е важно што се враќа довербата меѓу двете земји. Спорот со името било тема на разговор и на денешните средби во Призрен на претседателот Ѓорге Иванов со претседателите на Косово, Црна Гора и Албанија. Тројцата претседатели изразиле поддршка за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение меѓу Скопје и Атина и настапиле со став дека неговото надминување е од директен интерес на трите земји.