ФИФА: Француската влада да стои настрана

Министерката за спорт на Франција Розлин Бассло

ФИФА строго забранува на Владите да се мешаат во работата на фудбалските сојузи и инсистира на тоа Сојузите да работат независно.
Светската фудбалска репрезентација ги следи случувањата во францускиот Фудбалски Сојуз и во репрезентацијата по скандалот со испрагањето до Светското првенство, и нема да се мисли многу да го суспендира шампионот од 1998-та ако открие дека владата на Франција е вмешана во целиот скандал.

Претседателот на Франција Никола Саркози јавно се обврза лично да испита кој е крив за дебакалот на Светското првенство. Саркози имаше средба со премиерот Франсоа Фијон и со министерката за спорт Розлин Бассло на која разговарале во кој правец треба да се реформира францускиот фудбал.

ФИФА строго забранува на Владите да се мешаат во работата на фудбалските сојузи и инсистриа на тоа Сојузите да работат независно.
Поради мешање на ирачката влада во работата на тамошниот фудбалски сојуз, репрезентацијата на Ирак беше сиспендирана во 2008-та година.
„Нема причина да има друг третман за земјите од Европа, изјави генералниот секретар на ФИФА Жером Валке, кој е французин по националност.

Француската репрезентација натпреварувањето на Светското првенство го заврши со два пораза и само со еден бод. Освен лошите резултати, луксузирањето на фудбалерите , репрезентацијата ја уништија и внатрешните скандали, исклучувањето на Анелка, одбивањето на фудбалерите да се појават на тренинг