Кој го гради новиот лик на Скопје, со какви проблеми се соочуват градежните компании, колкав е долгот на власта кон фирмите кои работат на проектот? Прочитајте во саботната анализа на Радио Слободна Европа.
Кој го гради новиот лик на Скопје, со какви проблеми се среќаваат градежните компании кога соработуваат со власта на проектот ,,Скопјe 2014", колкав е државниот долг кон фирмите и колку време доцни исплатата? Поставени се темeли на некои објекти од проектот, а дел од нив веќе се до половина со изградбата. Власта вели дека изградбата на овој проект ќе ги чини околу 80 милиони евра, а опозицијата излезе со пресметка од 20 милиони евра. Деталите за градежната вредност на објектите во јавноста се скромни.
Домашни фирми изведувачи на работите
Ако го напуштите Скопје и по четири години се вратите нема да го препознаете градот. Ќе ве пречека нова слика. Да ѕирнеме малку во иднината како тоа би изгледало. Историски личности собрани во центарот на градот Скопје. На трон спроти споменикот на Методија Андонов Ченто е седнат Цар Самоил. Наместо елка на среде плоштад за дочек на Нова Година сега има голема фонтана над која, наводно, Александар Велики го јава својот коњ Букефал. Граѓаните се возат во двокатни автобуси. На плоштадот повеќе ги нема масите на околните кафулиња. Туристи се сликаат покрај спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев, а позади нив гордо на трон е седнат Јустилијан Први од едната страна, а до другата се исправени Гемиџиите. Скопјани се изненадени од чистата вода на реката Вардар која сега жубори од новите модерни италијански фонтани чии водоскоци ја надминуваат висината на Камениот Мост. Плоштадот доби сосема нов лик , зградите околу него сега имаат унифициран лик и сите по малку наликуваат на старата Ристиќева Палата. До легендардната сендвичара „ Чичко Стоилко“ се стигнува преку Триумфална Капија која ја чуваат бранителите на Македонија од блискиот споменик. Пензионерите кои до сега играа шах во паркот „ Жена борец “ сега ги набљудуваат спомениците на паднатите херои за Македонија, президиумот на АСНОМ и Основачите на ВМРО, додека преку улица, пред реновираното собрание со куполи, го гледаат ликот на создавачот на Крушевската Република, Никола Карев. Но тоа не е се... Скопје доби и нови згради кои наликуваат на антички храмови, Уставниот суд, Министертсвото за надворешни работи, агнецијата за електронски комуникации, обвинителство и финасисика полиција, Колонада независна Македонија Филхармонијата. Да не ги заборавиме и Стариот народен театар и музејот на ВМРО рамо до рамо од другата страна на кејот на Вардар. Вака власта ја замислува реализацијата на проектот „Скопје 2014-та“. Поставени се темели на неколку објекти, а дел од нив веќе се до половина со изградбата. Власта вели дека изградбата на овој проект ќе ги чини околку 80 милиони евра а опозицијата излезе со пресметка од 200 милиони евра. Деталите за градежната вредост на објектите во јавноста се скромни. Само изградбата на Стариот театар е 20 милиони евра.
Поголемиот дел од тендерите за изградба на овие големи објекти ги добија домашни фирми.„Гранит“ е изведувач на Уставниот суд кој што чини повеќе од 20 милиони евра а „Бетон- Скопје“ работи на фонтаната која ќе биде поставена и постаментите на спомениците чија вредност ја надминува сумата од три милиони евра, а воедно е изведувач и на зградата на Министертвото за надворешни работи за кое се во јавноста се појавија информации дека чини 16 милиони евра. Додека Бетон- Штип е изведувач на Стариот Народен Театар и Музејот на ВМРО.
Владата им должи пари на градежните фирми
Многу пари се во игра, дел од експерти сметат дека во време на економска криза не треба да се градат споменици и грандиозни објекти додека други, пак, велат дека со ова му се дава добра инекција на градежништвото. Градежниците се жалат дека државата ги ангажира но не им плаќа навремено. Премиерот Никола Груевски вели дека станува збор за мало доцнење кое набрзо ќе им биде исплатено, но не открива колку пари државата им должи на градежните фирми.
,,Ние се трудиме на сите да им плаќаме, се трудиме и навреме, некогаш има мали задоцнувања, но веднаш по кратко време се средуваат таквите работи. Ни приближно нема таква бројка како што беше споменато.
Колкава е сумата?
,,Па не ја знам точно, но е нешто малку и се работи за кратко доцнење."
Со претседателот на здружението на градежниците, Никола Велковски разговаравме за државниот долг кон градежните фирми и последиците од овој проблем.
,,Безразлика колку државата да вели дека се труди и дека редовно плаќа, на состанокот од најголем број на наши членки беше укажано дека нередовно и ненавремено се плаќа. Не дека не се плаќа, се плаќа, државата сеуште е најголем гарант при плаќањето, но многу се доцни и многу се одолговлекува со плаќањето и проблемот не само што се јавува кај нас затоа што ние сме организатори на градбата, производители коишто организираат сигурно уште 30-40 други субјекти што работат за нас, како што се произведувачи, добавувачи на материјали и ние ако нас не ни плати главниот инвеститор практично тој ланец се продолжува и доаѓа до неплаќање и на оној последниот што ни доставил некаков материјал или што ни дал некаква услуга.,,
Дали во таквиот синџир спаѓаат и работниците?
,,Видете, ние се трудиме тоа да нема влијание, бидејќи ние не работиме само за државата, ние работиме и за други субјекти и се трудиме тоа да нема одраз врз навременето плаќање на работниците, но морам да кажам дека веќе еден извесен број можеби околу 20 до 30 отсто на фирми од градежништвото веќе тешко ги сервисираат и давачките кон државата и платите кон своите вработени."
За колкав долг отприлика станува збор?
,,Неможам да ви кажам, затоа што ние не сме направиле таков увид или список да ни кажат која е таа сума, но реагираат. Денеска да ви кажам и милион денари е голема пара за една фирма, да не збориме за милион евра. Значи и милион денари е голема пара за некој што работел и ги чека средствата по пет-шест месеци. Отприлика во просек се чека за исплата сигурно од пет до шест месеци.
Станува збор за доцнење во последниве месеци или за редовна пракса?
,,Па видете тоа е пракса сигурно повеќе години, овие две години посебно. Претходните години не беше така."
Нередовната исплата носи и редица други проблеми
Јован Илиевски сопственик на градежна фирма вели дека состојба во градежништвото постојано се влошува:
,,Лоша, тоа значи дека сите чекаме на буџетските средства. Приватниот сектор многу слабо се гради. Значи кредитите, односно банките го направија своето, неможеме кредити да земеме, становите слабо се продаваат."
Претседателот на синдикатот на градежните работници, Павел Трандафилов вели државниот долг кон градежните фирми ќе има негативен ефект за работниците.
,,Негативниот ефект е во тоа што ако нема исплата и наплата на тоа што е сработено, а ниската акомулација и малите парични средства коишто треба да ги вложуваат градежните компании ќе доведе до неликвидност, а за нас најлошата работа е тоа што вработените не ќе можат да си ги исполнат своите обврски во однос на компаниите и исплатата на лични доходи коишто ќе направи катастрофа и нов социјален немир."
Трендафилов вели дека во време на криза се заживува градежништвото и работници се ангажираат, но и големите градежните фирми нема уште долго да имаат пари за да продолжат редовно да ги плаќаат работниците.
,,Токму од државните институции кои што се најголеми инвеститори, по најголемите компании ние немаме поплаки. Но, ако ги земеме компаниите од профилот на една ,,Пелагонија" која работи за локална самоуправа и државните институции или еден ,,Маврово инженеринг" и ред други коишто се мачат, а неможат да направат наплата се судруваме се сериозни проблеми да доцни наплатата не само по еден месец, туку и по два месеци да не им се платени придонесите на вработените и трпението на вработените е прикрај."
Помалите фирми се жалат дека неможат да бидат конкурентни и дека големите објекти ги добиваат само неколку големи градежни фирми кои градат скоро се во земјава. Јован Ѓорѓијоски сопственик на градежна фирма вели дека неколку пати учествувал на тендери за објекти чии инвеститор е државата, но никогаш не го добил тендерот.
,,Не сме добиле затоа што има повисоки критериуми за избори, додека подоцна ние како фирма може да се појавиме како подизведувач на поголемите фирми коишто го имаат тендерот. Во зависност од поголемите фирми коишто не знаат како успешна компанија не повикуваат самите."
Експертите сметаат дека високите критериуми поставени во тендерите, како на пример големата банкарска гаранција или годишен обрт на пари во вредост од 20 до 30 милиони евра во старт ги дискредитираат малите и средните копмании. Извештајот на центарот за граѓански комуникации покажува дека градежните фирми најчесто се жалат на нејасно изработена тендерска документација, неправилно бодирање на понудите и фаворизирање на одередена понуда, користење на несоодветни критериуми за доделување на договорот како и доцнење со наплатата. Градежните фирми процесот за јавни набавки го оценуваат со учителски кажано со тројка на стаклени нозе. Поранешната антикорупционерка, Вања Михајлова вели дека понекогаш критериумите за тендерите се поставуваат така што се овозможува фаворизирање на некоја фирма.
,,Односно не се овозможува еднаков третман на понудувачите. Пример, банкарската гаранција, износ што не може секој да го плати, а друго финансиската и техничката состојба на понудувачите, со што практично од почеток се елеминираат малите фирми коишто исто така би можеле успешно да ги извршат тие работи."
Архитектот Мирослав Грчев посочува на уште еден проблем во градежништвото, односно во градењето на проектот „Скопје 2014“. Грчев вели дека државата јавно покажува дека плаќа многу повеќе за објектите одошто е нивната реална градежна вредност.
,,Значи фирмата којашто ќе ја добие работата, којашто е договорена, однапред позната е должна да ги врати вишокот пари и тоа е огромна кражба."
Од здружението на градежните фирми велат дека е потребно да се водедат нови мерки за заштита на фирмите кои конкурират на државни тендери. Велковски вели дека е потребно во договорите да се понуди гаранција дека државата како инвеститор ќе го почитува рокот на исплата.
,,Тоа што сега го нема, затоа што ние плашејќи се утре да не недобиеме работа, плашејќи се утре да не не тргнат од конкуренција, не инсистираме на таква клаузула, сметајќи на совеста дека државата ќе има пари, но еве се покажа дека во еден момент и таа не е моќна да ги сервисира долговите, а ние во договорите немаме такви клаузули, каде што има договорна обврска и инвеститорот да почитува одредени рокови."
На заеднички состанок на Бирото за јавни набавки и здружението на градежници при стопанска комора е разговарано за подобрување на условите за тендерите. Здружението бара бирото да има увид во подготовката на документацијата за тендери и да има унифицираност во барањата за јавните набавки.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5