Линдингтон - Да продолжат реформите

Од прес конференцијата на британскиот министер за Европа Давид Линдингтон и вицепремиерот Васко Наумовски

Британскиот министер за Европа Давид Линдингтон ги подржува македонските евроинтеграции, но потсетува дека политиката на проширување на ЕУ се базира врз носење одлуки по пат на консензус.
Британскиот министер за Европа Давид Линдингтон искажа поддршка за апликацијата на Македонија за членство во ЕУ, но нагласи дека политиката на проширување на Европската Унија се базира врз носење одлуки по пат на консензус.
За секое поглавје што се отвора треба да има согласност од сите земји членки.


„За секое поглавје што се отвора, треба да има согласност од сите земји членки.“

Македонија е веќе петта година земја кандидат и нема поместување во тој стаус. Долгорочното останување без термин за преговори може неповолно да влијае врз расположението на граѓаните за интеграциите и да ја деангажира енергијата на администрацијата и парламентот кои се активни на подрачјето на евроинтеграциите, оцени професорот Димитар Мирчев. Би било силен поттик за реформите една ваква промена според која преговорите би се воделе паралелно, вели Мирчев.

„Јас мислам дека може да се постигне во насока на таа политика еден таков начелен договор кој нашиот грчки сосед би го прифатил, а ние би ја изразиле својата лојалност и со разговорите со Грција и преговорите за влезот.“

Во однос на најтешкото прашање кое ни виси врз глава, во Националниот совет за евроинтеграции постои обединетост во целта, а тоа е да го решиме спорот со Грција за да овозможиме наше членство во Унијата. Единствено нешто во што се разликуваме е во нашиот пристап, како и каде да го бараме решението, рече претседателката на Советот Радмила Шеќеринска.
Велика Британија смета дека реформите што почнаа во тој период треба да продолжаат сега.


„Дали во моментов Македонија може да очекува промена на грчкиот став и дали таа промена можеме да ја бараме да биде поттикната од ваша страна. Ако тоа е невозможно и такви пораки добиваме од нашите пријатели, тогаш Македонија треба да биде таа која што ќе бара што е можно побрзо да го ставиме проблемот зад нас.“

Инаку, британскиот министер за Европа ја нагласи и важноста од исполнување на критериумите што Унијата ги бара од нас:

„Препораката за почеток и отворање на преговорите за пристап во ЕУ што минатата година Европската комисија и ја даде на Македонија покажува дека бил препознаен позитивниот напредок што го постигнала земјата, но Велика Британија смета дека реформите што почнаа во тој период треба да продолжаат сега“, рече Линдингтон.

Промените кои ЕУ ги бара се однесуваат на јавната администрација, независно и ефикасно судство, успех во борбата против корупцијата и парламент кој ке има силни дебати и на владата ке и наметнува одговорност за сите одлуки.