Јужна Африка денеска повторно инсистира дека ќе биде добар домаќин на Светското првенство во фудбал иако, покрај нив, речиси сите репрезентации од Африка испаѓаат од натамошниот тек на турнирот. Само Гана и Алжир имаат теоретски шанси за опстанок, но ретко кој верува дека ќе го изборат.
Весниците во Јужна Африка пишуваат дека звуците на вувузелите можеби од утре ќе бидат по тивки, но оти домаќините ќе сторат се за успешно продолжување на Мундијалот. Ова се уште е наше Светско првенство, велат многумина Јужноафриканци, кои сега се определуваат за навивање за други тимови.