Светското првенство забрането во Сомалија

Жители на Могадишу, собрани околу телевизор, го гледаат првиот меч на Светското првенство на 11 јуни

Фудбалските фанови во Сомалија се исправени пред предизвикот дали да го следат Светското првенство и по цена на својот живот. Исламистичкиот лидер во таа африканска земја забрани да се следи првенството, а како казна за оној кој тајно гледа фудбал, следува јавно камшикување.
Обиди се да го гледаш Светското првенство со едно око. Така се гледа фудбал во Сомалија, вели еден фудбалски фан. Со едното око гледаш фудбал, со другото внимаваш на вратата, да не влезе некој бунтовник. Милитантните групи кои го контролираат поголемиот дел од територијата во Сомалија предупредија дека јавно ќе го камшикуваат секој оној кој тајно гледа натпревар. Се зборува дека досега
Исламистичкиот лидер Шеик Абу Јахја ал Ираки ја воведе забраната на 11 јуни неколку часа пред да започне најголемиот спортски настан, со образложение дека фудбалот потекнува од христијанската култура и неговата исламска администрација никогаш нема да дозволи да се гледа Светското првенство.
загинале најмалу двајца, а триесетина, меѓу кои и едно 15-годишно момче, биле уапсени. Тоа го отежнува животот на фудбалските навивачи во Сомалија.

Спортските ентузијасти низ цела Африка со гордост гледаат фудбал, затоа што за прв пат Африка е домаќин на првенството. Петнаесетгодишниот Махад Мохамед Хаџи, капитен на подмладокот на националниот фудбалски тим, тешко може да ја сокрие неговата возбуда за фудбалот.

„Ние сме Африка и ги подржуваме сите африкански репрезенатаци кои учествуваат на првенството.“
Продавач на чевли од Сомалија преку весник се информира за натпреварите од Светското првенство

Хаџи е во можност да гледа фудбал бидејќи живее во главниот град на Сомалија кој се наоѓа под заштита на мировните сили на Африканската унија, но сепак вели дека се чуствува притисок од забраната.

Исламистичкиот лидер Шеик Абу Јахја ал Ираки ја воведе забраната на 11 јуни, неколку часа пред да започне најголемиот спортски настан, со образложение дека фудбалот потекнува од христијанската култура и неговата исламска администрација никогаш нема да дозволи да се гледа Светското првенство.
Шефот на спортската асоцијација во Сомалија Шафи Мохудин Абокар објаснува што им се случува на сомалиските фудбалски фанови кои им пркосат на забраните.

„Милитантите нападнале една куќа во која тајно се гледало Светското првенство. Тие ги застрелале двајцата синови кои се обиделе да скокнат преку ѕидот, а уапсиле 10 луѓе кои се наоѓале во куќата.“

Абокар вели дека постои загриженост бидејќи никој не знае што се случило со 30-тината луѓе кои милитантите ги уасиле досега. Нив не смеат да ги видат ниту роднините. Во регионите каде владеат исламистите не смее да се гледа фудбал, бидејќи тоа е ’сатански‘ чин. Гледањето разни игри е забрането уште од 2006-та.