Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко наредил да се прекине со транзитот на руски гас за Европа. Неговата одлука доаѓа откако Русија ги ограничи испораките на гас за Белорусија. Лукашенко пред да ја даде изјавата имал средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но по состанокот изјавил дека разговорите меѓу двете земји се претвориле во „војна за гас“. Русија денеска и ја ограничи испораката на гас на Белорусија поради неплатен заостанат долг од 192 милиони долари.