Турција и Казахстан разговарале за Киргистан

Турција и Казахстан денеска разговараа за планот да му помогнат на Киргистан , за кој се надеваат дека ќе може да се иплементира по референдумот кој треба да се спроведе на 27 јуни во Киргистан. Киргистан се справува со етничките конфликти во кои загинаа најмалку 200 луѓе , а 400 илјади се раселени или бегалци. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу кој престојува во посета на Казахстан изјави дека с енадева дека владата во Киргистан ќе добие легитимитет од народот на гласањето на 27 јуни. Разговорите меѓу Турција и Казахстан биле насочени кон тоа како двете земји можат да и му помогнат на Киргистан и да му дадат дипломатска, економска и безбедносна подршка. Министерот за надворешни работи на Казахстан ќе патува во Киргистан за да им каже за планот дирекно на луѓето.