Зидан ги демантира тврдењата на некои медиуми дека преку Рибери, тој ги поттикнал фубалерите да му се спротистават на селекторот.
Поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан денеска ги демантира шпекулациите на медиумите дека бил вклучен во креирањето на тактиката на тимот на Франција на ова светско првенство и оти тој ги подбуцнувал фудбалерите на бунт. Зидан изјави дека секогаш ги почитувал правилата, дека и тој не верувал многу во селекторот Рајмонд Доменек, но оти никогаш не го искажувал тоа. Зидан додаде дека француските фудбалери треба да го тргнат своето его настрана и да се обединат.