Расте бројот на жртви од експлозиите во Багдад

Во денешниот напад на две автомобил –бомби во Багдад загинале 26 луѓе, а 50 се повредени ,е новиот биланс на жртви , соопштува министерството за внатрешни работи на Ирак. Меѓу загинатите се и 4 полицајци, а повеќето од загинатите биле жени. Експлозиите се случиле во центарот на градот за време кога во центарот имало многу луѓе. Денешниот напад е дел од низата кои се случија изминатата ноќ во Багдад, при што загинаа 7 луѓе а 20 беа повредени. Нападите се случуваат кога се очекува да се формира новата влада по три месеци откако се одржаа изборите.