Аргентински хулигани ќе бидат вратени дома

Навивачи на Аргентина

Петнаесет хулигани од Аргентина остатокот на Светското првенство ќе го гледаат дома. Јужноафриканската полиција ќе ги депортира за време на викендов.
Јужноафриканските власти за време на викендов ќе депортираат 15 фудбалски хулигани од Аргентина.
Во соопштението се наведува дека полцијата во средата наутро претресла хостел во Преторија во кој биле сместени околу 165 фудбалски навивачи од Аргентина.
Аргентинската амбасада и полицијата првично соопштија дека се притворени 17 навивачи, но подоцна амбасадата ги објавила имињата на 15 хулигани кои деновиве ќе бидат депортирани.
Инаку, репрезентацијата на Аргентина во првите два меча од групата ги совлада Нигерија и Јужна Кореја, а во последниот натпревар во вторник се среќава со Грција.