ФИФА соопшти дека 4-цата фудбалери на Северна Кореја, за кои се шпекулираше дека изчезнале од нивниот тим, едноставно биле избришани од списокот на северно-корејската репрезентација поради техничка грешка. Претставникот на ФИФА изјави дека за натпреварот со Бразил, 4-цата играчи едноставно биле изоставени од списокот, а потоа нормално тренирале со својот тим. Северна Кореја во понеделник ќе го игра вториот натпревар на СП, противник и е Португалија.