Соединетите Држави продолжуваат да уживаат позитивна слика во светот и покрај зголеменото неодобрување кај муслиманските земји. Ова го покажа најновото истражување.
Истражувањето беше спроведено од американскиот Пју центар, а податоците се врз основа на интервјуа со речиси 25 илјади луѓе во 22 земји во светот. Според нив, во изминатата година нема поголема промена на ставот на муслиманскиот свет спрема Соединетите држави.
„Во текот на изминатата година муслиманската јавност стана покритичка спрема претседателот Обама, а анимозитетот спрема Соединетите држави продолжува со несмалено темпо во Турција и Пакистан, каде што само 17 проценти имаат позитивно мислење за Соединетите Држави“, вели претседателот на Пју Центарот Ендрју Кохут.
Тој додава дека лани довербата спрема Обама во Турција, земја која се смета за најблизок американски сојузник во муслиманскиот свет, падна за десет поени.
Кон ова треба да се додаде дека истражувањето било спроведено пред санкциите против Иран, кои Турција не ги поддржува. Меѓу повеќето муслимански земји, одобрувањето за Америка остана највисоко во Индонезија, каде што Обама како дете живеел неколку години.
Војната во Авганистан во голема мера и натаму е непопуларна во немуслиманскиот свет, а во 15 од 21 земја сметаат дека Вашингтон води унилатерална надворешна политика.
Сепак, овие проблеми не доведоа до поголемо опаѓање на глобалниот рејтинг на Обама. Во Германија, 90 отсто од анкетираните, изразија доверба во Обама, во Јапонија 76 проценти, а во Нигерија дури 84 насто од испитаниците.
Наодите покажуваат дека Обама е попопуларен во странство отколку дома, каде што неговиот рејтинг е околу 44 проценти.
„Претседателот Обама останува мошне популарен во повеќе делови на светот и тоа придонесува и за американскиот глобален имиџ. Тој е попозитивен од времето на неговиот претходник Џорџ Буш“, вели Кохут.
Позитивното мислење за Соединетите Држави скокна и во Русија и тоа за 13 проценти, па сега изнесува 57 насто.
Како главна причина за тоа се посочува ресетирањето на односите меѓу двете земји кое доведе до нов договор за контрола на нуклеарното вооружување и до руска поддршка за новите санкции против Иран.
Речиси 70 проценти од анкетираните рекле дека поддржуваат построги економски санкции против Иран.
„Општо земено, има голема разлика во американскиот рејтинг во светот, не само затоа што ние сакаме да им се допаѓаме, туку поради начинот на кој го исполнуваме она што е добро за американскиот народ во еден глобализиран свет“, вели поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт.
Инаку, истражувањето покажа дека во светската јавност расте мислењето дека Кина, а не Соединетите Држави, е најголемата економска сила во светот.

Претседателот Обама останува мошне популарен во повеќе делови на светот и тоа придонесува и за американскиот глобален имиџ. Тој е попозитивен од времето на неговиот претходник
Џорџ Буш.