Фудбалот Џабулани, како од супермаркет!

Џабулани

Селекторот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Свен Горан Ериксон им се придружи на критичарите на фудбалот со кој се игра на Светското првенство во Јужна Африка, наречен џабулани. Ериксон изјави дека е очигледно оти на натпреварите и на тренинзите топката се движи чудно. Голманите не се задоволни, но сега е предоцна, но за ова треба да се дискутира по завршувањето на Мундијалот, изјави Ериксон. Меѓу другите, Икер Касиљас и Џиџи Буфон изјавија дека е чудно што со ваков фудбал се игра Светско првенство, бразилскиот голман Жулио Цезар рече дека фудбал со таков квалитет може да се купи во секој супермаркет,а чилеанецот Клаудио Браво оцени дека таа топка е добра за играње одбојка на плажа. Производителот на фудбалот џабулани, Адидас тврди дека е изработен според стандардите на ФИФА во однос на тежината и големината и оти е перфектен.