Стотици Јужно-африканци протестираа во Дурбан, каде што вечер ќе играат Шпанија и Швајцарија, барајки од владата финансиска помош за сиромашните, и тоа иста сума како за Светското првенство во фудбал. Меѓу 500-тините демонстранти беа и редарите на стадионот во Дурбан, кои се судрија со полицијата во неделата кога протестираа за поголеми плати. Еден од демонстрантите изјави – “Ако имаме пари за стадиони, тогаш не треба да оставиме никого без дом”. Јужна Африка потрошила околу 3,5 милијарди евра за подготовките на Мундијалот, што според критичарите е премногу.