Фудбалерот на шпанската репрезентација Андрес Иниеста најверојатно ќе биде подготвен за првиот меч на Светското првенство, што неговиот тим го игра денеска против Швајцарија. Тој вчера успешно го минал целиот тренинг, прв пат по повредата на десната нога од минатата недела, кога Шпанија играше пријателски натпревар со Полска. Селекторот Винсенте дел Боске изјави дека сега на располагање му се сите 23 фудбалери, бидејќи се опоравиле и Торес и Фабрегас.
Иниеста е еден од клучните играчи на шпанската репрезентација и е единствен кој на Европското првенство во 2008 година беше стартер на сите 6 натпревари.