Италија до крајот на Светското првенство најверојатно ќе остане без услугите на голманот Буфон поради повреда на грбот
Голманот на Италија Џанлуиџи Буфон можеби нема да може да настапува за својата репрезентација до крајот на Светското првенство во Јужна Африка, бидејќи повредата на грбот е посериозна отколку што изгледаше во првиот момент. Буфон, кој според многумина е еден од најдобрите голмани во светот, на натпреварот со Парагвај беше заменет на полувремето, откако се жалел на болки во грбот. Италија во првиот натпревар одигра нерешено 1:1 со Парагвај, а следниот меч во рамките на Ф групата го игра в недела против Нов Зеланд. Во оваа група се натпреварува и репрезентацијата на Словачка.