Русија на Белорусија и даде рок од пет дена да го реши прашањето на отплата на долгот за испорачаниот гас за оваа година од околу 200 милиони долари. Првиот човек на Гаспром Алексеј Милер на средбата со рускиот претседател Дмитри Медведев рекол дека во согласност со условите на договорот, има основа да се намалат испораките на гас на Белорусија, сразмерно со наталожениот долг. Тој истакнал дека главен проблем е тоа што Белорусија според сопствена одлука го плаќа гасот по минатогодишните цени.