Лидерот на грчката националистичка партија Народен православен собир - ЛАОС Јоргос Караџаферис, денеска побарал од премиерот Јоргос Папандреу да каже дали се точни информациите дека Атина и Скопје се блиску до решение за прашањето за името., јавува МИА повикувајќи се на грчки медиуми. Караџаферис од говорницата во грчкиот Парламент, како што пренесуваат електронските изданија на „Катимерини„ и „Елефтеротипија“, прашал и дали можното решение е „Република Македонија (Вардар)“ и дали Владата на Грција ќе распише референдум за името што би го договорила со властите во Скопје. Грчките медиуми викендов објавија дека двете страни се блиску до решение , а како можни решенија ги посочија имињата „Република Македонија (Вардар)“ или „Вардарска Македонија“.