Група од 36 Холанѓанки била исфрлена од стадионот во Јоханесбург за време на натпреварот меѓу Холандија и Данска, бидејќи носеле портокалови дресови со реклама за холандска компанија за пиво. Официјален спонзор на ФИФА е друг производител на пиво, поради што претставници на ФИФА ги принудиле Холанѓанките или да ги соблечат маиците или да го напуштат стадионот. Тие одбиле, па биле повикани луѓето од обезбедување за да ги исфрлат од стадионот, по што биле испрашувани од полицијата неколу часа. Според ФИФА, холандската компанија за пиво има долга историја со прекршување на правилата за рекламирање.