Повторно проблеми со редарите

Повеќе од 100 луѓе кои се грижат за безбедноста на стадионот во Дурбан, протестираат на само еден ден пред натпреварот меѓу Шпанија и Швајцарија и бараат од ФИФА да им ги гарантира платите. Вооружени полицајци го обезбедуваа мирниот протест на работниците. Сепак, лидерот на демонстрантите изјави дека тие ќе се грижат за безбедноста на посетителите дури и ако не им бидат зголемени платите. Во понеделникот, полицијата ја превзеде контролата на стадионите во Дурбан и во Кејп Таун поради протестите на редарите.