Романскиот Парламент ќе гласа за недоверба на владата

Романскиот Парламент денеска треба да гласа по иницијативата на опозициската Социјалдемократска партија за недоверба на Владата на премиерот Емил Бок.
Иницијатвата е насловена „Запрете го социјалниот геноцид“ и беше покрената минатата недела откако Владата ги промовираше новите мерки за кратење на буџетските трошоци со кои се предвидува намалување на платите на вработените во државниот сектор за 25 проценти и на пензиите за 15 насто.
Синдикатите за денеска најавија протести пред Парламентот во знак на поддршка на иницијативата за изгласување недоверба на Владата.