Министерот Бајрами на Конференција во Женева

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами ја предводи македонската делегација која од денеска до 17 јуни во Женева учествува на Меѓународната конференција на трудот.
Министерот Бајрами и Директорот за Европа и Централна Азија на Меѓународната организација на трудот Сузан Хофман, ќе потпишат меморандумот за соработка во имплементацијата на Националната програма за пристојна работа меѓу Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација на трудот.
Оваа програма за периодот 2010-2013 година ги дефинира приоритетите во национални рамки и е резулатат на консултации меѓу Владата, синдикатите, организациите на работодавачи и Меѓународната организација на трудот.
На конференцијата присуствуваат делегации на над 170 држави и над 100 –тина министри за труд, премиери или шефови на држави.