Дваесет луѓе загинале, а дваесет и шест биле повредени кога автобус се урнал во амбис во планинскиот дел на Филипините. Автобусот, според извештаите, бил изнајмен од група ирански студенти по медицина. Полицијата претпоставува дека на автобусот му откажале сопирачките по што се урнал во амбисот.