Пехарот за победникот на Мундијалот, не е од чисто злато?

2010 FIFA World Cup South Afrika

Професор по хемија, Мартин Полиакоф, од Универзитетот во Нотингем тврди дека ако трофејот е од чисто злато ќе биде претежок и фудбалерите нема да можат да го подигнат.
Пехарот за победникот на Светското првенство во фудбал, според пресметките на британскиот професор по хемија, Мартин Полиакоф, не е направен од чисто злато.Професорот Палиакоф од Универзитетот во Нотингем тврди дека ако трофејот е од чисто злато ќе биде претежок и фудбалерите нема да можат да го подигнат.

Тој наведува дека пехар од чисто злато со големина од 36 сантиметри би бил тежок најмалку 70 килограми.
„Тоа значи дека пехарот на Меѓународната фудбалска федерација во целост или делумно е шуплив“, изјави Полиакоф.

ФИФА тврди дека металниот дел на трофејот, дело на италијанскиот уметник Силвио Гацаниге, е направен од 4,9 килограми чисто злато од 18 карати и оти е тежок 6,175 килограми.

Полиакоф тврди дека трофеј со таква големина ако е изработен од чисто злато би тежел колку возрасна особа.
„Златото е тешко, тоа е еден од најгустите метали кои постојат. Според моите пресметки, ако целиот трофеј е од злато тогаш би тежел од 70 до 80 килограми.“ Највероајтно земјината топка која се наоѓа на врвот од пехарот е шуплива, наведува Полиакоф