Телефонски разговор Камерун -Обама

Британската влада сооопштува дека премиерот Дејвид Камерун од американскиот претседател Бaрак Обама добил уверување дека бесот што го чуствува по истекувањето на нафта во Мексиканскиот залив не е напад врз Велика Британија. Обама и Дејвид Камерун вчера разговарале по телефон за да ги смират транс-атланските тензии околу нафтената катастрофа. Американскиот претседател остро го напаѓа Бритиш Петролеум за тоа како гигантот се бори за спречување на истекувањето на нафтата. Но од канцеларијата на Камерун е соопштено дека Обама рекол дека тоа што го чуствува кон Бритиш Петролеум нема ништо со националниот идентитет на Британија