Две третини од фудбалските ентузијасти од 23 земји сметаат дека првиот Мундијал на територијата на Африка станува прескап за посета. Во истражувањето во кое биле вклучени 12 илјади љубители на фудбалот, во 23 држави, околу 65 насто оцениле дека да се оди на некој натпревар во Јужна Африка е премногу скапо за обичните луѓе. На испитувањето на истата тема во Јужна Африка, каде што одговарале 2.500 луѓе, 78 насто од нив се изјасниле дека им е скапо да отидат на натпревар. ФИФА беше критикувана за системот на он лајн продажба на билети, со што многумина Јужно-африканци беа исклучени од можноста да купат билети, бидејки воопшто немаат Интернет. Потоа ФИФА почна да продава билети и во канцеларии во Јужна Африка, но голем дел од билетите веќе беа распродадени, барем оние за најинтересните натпревари.
Билети нема, а има празни седишта?
Инаку, ФИФА истражува зошто имаше празни седишта во некои делови од стадионот во Јоханезбург за време на вчерашното свечено отворање и првиот натпревар. Еден блок беше речиси празен и ќе испитаме зошто, изјави портпарол на ФИФА. Инаку, за да не остане празен, тој дел бил пополнет со волонтери.
ФИФА има проблем да објасни и зошто за престојниот натпревар меѓу Англија и САД, повеќе билети им биле продаден на американските навивачи, што е официјално потврдено. Се очекува на Светскиот куп во Јужна Африка да допатуваат околу 30 илјади американци.