Нема протести за одбележување на една година од изборите во Иран

Се уште нема најави дека опозицијата во Иран ќе организира протести за да ја одбележи првата годишнина од спорните претседателски избори во земјата . Двајцата главни опозициски лидери Мирхосеин Мусави и Мехди Каруби ги откажаа протестите закажани за денеска со образложение дека се загрижени да не има насилство. Шефот на полицијата Ахмер Реза Радан за агенцијата ИСНА, соопштил дека сериозно ќе се соочат со секој обид за протест за одбележување на годишнината. Минатогодишните протести на опозицијата за изборот на Ахмадинеџад за претседател доведоа со судир на полицијата и опозиционерите , при што имаше и смртни случаи и стотици уапсени луѓе.