Претседателот на ФИФА на Твитер

Твитер профилот на Сеп Блатер

Претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА, Сеп Блатер отвори профил на социјалната мрежа Твитер, на која, во 140 знаци ги запишува своите импресии од Мундијалот.

Блатер и се придружи на социјалната мрежа, вчера, непосредно пред започнувањето на првенството.

„Бев неверојатно погоден од атмосферата. Чуствував дека публиката, исто како и јас, со нетрпение го очекуваше почетокот на Светското првенство“, напишал Блатер по церемонијата за почеток на Мундијалот кој за прв пат се одржува во Африка.

Претсеадтелот на ФИФА Сеп Блатер и јужноафриканскиот претседател Јакоб Зума пред почетокот на првиот натпревар на Мундијалот меѓу Јужна Африка и Мексико.
Претходно Блатер запишал дека е почестен што се сретнал со играчите, на кои им посакал среќа, пред првиот натпревар на шампионатот меѓу домаќинот Јужна Африка и Мексико кој заврши 1:1.

Блатер поставува и линкови до официјалната интернет страница на ФИФА. Веќе има речиси 14 илјади луѓе што го следат Блатер на Твитер.