Македонија е под силен притисок од меѓународната заедница за итно решавање на спорот за името со Грција, изјави во Охрид министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
Од Македонија се очекува со прагматичност да ја плати непрагматичноста на Грција, вели Милошоски и додава дека, според него, Грција ја злоупотребува својата позиција и наметнува свое решение наместо да остави простор за заедничко решение. Македонската Влада, според министерот за надворешни работи, ќе се обиде на земјава во наредните неколку месеци да и обезбеди поповолни позиции и пристап во натамошните преговори.