САД:Иран да се заложи за почитување на човековите права

САД денеска го повика Иран да ја исполни својата заложба за подобрување на состојбата со почитување на човековите права. Американскиот претставник во Советот за човекови права на ОН, со седиште во Женева, Елен Чембрлен Донахју изјавила дека во Иран се уште има дискриминација на малцинствата и земјата сеуште не може да ги заштите правата на слободата на изразување и здружување. Иран прифати 123 препораки за преглед на почитување на правата, одби 45 и закажа пресуди за 20 случаи.