Русија е за меѓународна истрага за нападот на конвојот за Газа

Русија се заложила за меѓународна истрага за израелскиот напад на хуманитарниот конвој за Газа. Ги подржуваме напорите на ОН за таква истрага, изјавил портпаролот на министерствот за надворешни работи, Андреј Нестеренко. Тој изјавил дека истрагата може да биде комплетна, непристрасна, независна и да даде резултати во кои меѓународната заедница ќе верува. Нестеренко додал дека смртта на 9 луѓе е неприфатлива, но дека мора да има објективна истрага во која ќе се разгледаат сите околности кои довеле до случајот.