Претседателот на организациониот комитет на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, Дени Џордан изјави дека овој Мундијал ќе биде најдобар досега и ќе докаже дека Африка ги исполнува ветувањата. Атмосферата на воодушевување во земјата, Џордан ја спореди како во времето кога беше ослободен од затвор Нелсон Мендела во 1990-та година и првите слободни избори, 4 години подоцна. Сепак, загриженост кај многубројните посетители предизвикуваат неколкуте инциденти во кои странски новинари и фудбалери беа ограбени во Јоханезбург.